Сосема различни: Запознајте ја елегантната и отмена сестра на Мајли Сајрус!

Точка

02/12/2013

17:13

8.864

Големина на фонт

а а а

Знаевте ли дека Мајли Сајрус има постара сестра која е поатрактивна од неа? И не само тоа, туку оваа девојка е и вистинска дама со манири и став.

Бренди Сајрус (26) се појавила на доделувањето на Американските музички награди и изгледала „токму онака како што Мајли би требало да изгледа и да се однесува“, велат познати американски блогери.


Бренди сите присутни ги воодушевила со својот стил и изгледала како отмена, конзервативна Мајли, токму онака како што нејзината помлада сестра изгледаше пред само неколку години.


Бренди е, всушност, полусестра на Мајли. Заеднички родител им е мајката Тиш.

Бренди и нејзиниот брат Трејс (24) ги прифатил како свои деца таткото на Мајли, Били Реј Сајрус, кога тој и Тиш се венчале. Били Реј и Тиш заедно ги имаат Мајли (21), синот Брејсон (18) и ќерката Ное (13).