Витамини кои поттикнуваат раст на косата

Точка

25/11/2013

11:07

15.924

Големина на фонт

а а а

За да вашата коса расте правилно, потребно е редовно да внесувате одредени витамини. Еве кои се тие:

Витамини од „Б“ групата
Витамин „Б3“ – Овој витамин ги негува фоликулите и поттикнува циркулација на крвта до темето. Можете да го најдете во пилешкото месо, рибата и пченичните никулци.

Витамин „Б5“ - Спречува создавање на бели влакна и опаѓање на косата, а и го забрзува растот на косата. Намирници богати со овој витамин се жолчките од јајца, пивскиот квасец и органските видови месо.

Витамин „Б6“ – Спречува опаѓање на косата и помага во конверзија на аминокиселините во нијацин. Исто така, овој витамин поттикнува и производство на меланин во организмот (меланинот ѝ дава боја на косата). Извори на овој витамин се пилешко, свинско, овесни снегулки, авокадо, пивски квасец и семки од сончоглед.


Витамин „Б12“ – Ова е клучниот витамин за раст на косата. Не само што го потпомага растот на нова коса, туку е и неопходен за здравјето на кожата и ноктите. Биотинот помага во развој на клетките со користење на други витамини, за да се спречи опаѓањето на косата и прераното појавување на седи влакна. Присутен е во пивскиот квасец, интегралните житарки, жолчките, оризот и млекото.

Витамин „Б9“ – Овозможува забрзан развој на клетките и подобра циркулација на крвта до темето. Најдобар извор на овој витамин се зелениот лиснат зеленук, интегралните житарки, гравот и сојата.


Витамин „А“
Овој антиоксиданс помага во формирање на здрав себум во влакното (себумот е одговорен за влажноста на коренот на косата). Богати извори од овој витамин се месото, сирењето, млекото, јајцата, спанаќот, зелката, морковот, кајсијата, праската и сите останати зеленчуци со жолта, црвена и портокалова боја.

Витамин „Ц“
Ова е уште еден антиоксиданс кој придонесува до целокупното здравје на косата. Богати извори се цитрусите, кивито, дињата, ананасот, доматот и сите видови зеленчук со темнозелена боја.


Витамин „Е“
Од суштинско значење за раст на косата е и овој витамин. Се верува дека витаминот „Е“ го стимулира растот на косата подобрувајќи ги функциите на имунолошкиот систем, Најбогати извори со овој витамин се билните масла, како што се соино и маслиново масло, како и јаткастите плодови и лиснатиот зеленчук.

Витамин „К“
Поттикнува раст на косата и е одговорен за нејзиното целокупно здравје. Најдобри извори на овој витамин се морските плодови, јајцата, зелениот лиснат зеленчук, смоквите, зелката, овесните снегулки, јогуртот и пченицата.

Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk