Реума: Како да живеете со оваа болест?

Точка

22/11/2013

15:04

30.052

Големина на фонт

а а а

Еден процент од популацијата боледува од ревматолошки артритис, кој ги погодува луѓето од сите возрасти.

Од пет посети на лекар по општа медицина, една посета е поврзана со симптомите на артритис, како што се болки во зглобовите, вкочанетост, умор и намалена подвижност. Еве што можете да направите за да си го олесните животот.

Како да ја препознаете болеста?
Болеста во најголем број случаи се развива споро, но прогресивно. Болниот на почетокот се чувствува лошо, малаксано, како да му недостига животна енергија. Може да се јави зголемено потење, послаб апетит и пореметување на спиењето.

После почетните неспецифични фази се јавуваат првите карактеристични, препознатливи знаци на болеста. Еден од таквите знаци е утринска вкочанетост во зглобовите, што болниот најдиректно ја доживува на зглобовите на прстите од дланката. Кога зглобовите ќе се размрдаат болниот не чувствува поголеми проблеми сѐ до следното утро. Како што минува времето, така утринската вкочанетост е сѐ потешка и долготрајна.

Наскоро после утринската вкочанетост се јавува и болка која во почетокот е присутна само повремено или при одредени движења на зглобовите, додека подоцна станува трајно присутна.


Има ли лек?
Моментално не постои лек со кој може да се лечи ревматолошки артритис, но постојат многу лекови за ублажување на симптомите на артритис и успорување на текот на болеста.

Совети
Некои активности можат да ја влошат состојбата, додека некои можат да донесат олеснување. Важно е да соработувате со здравствените работници, вклучувајќи и физиотерапевти, за да најдете начин да ја ублажите болката.
Можете и сами да си помогнете дома, со редовна физичка активност, редовно земање лекови, едукација, примерна исхрана и укинување на штетните навики, како пушење. Им се препорачува на луѓето со ревматолошки артритис да внесуваат 1000 до 1500 милиграми калциум и 800 ИЕ (интернационални единици ) витамин „Д“ дневно.


Дали е наследна болеста?
Постојат 200 видови артритис. Повеќето од нив не се наследни. Некои луѓе може да имаат генетска склоност кон одредени типови артритис, но тоа не е исто што и наследниот артритис.

Промена на времето
Многумина кои страдаат од артритис велат дека ги болат зглобовите пред да има невреме, што е последица на падот на атмосферскиот притисок и зголемената влажност на воздухот, што предизвикува болка и вкочанетост во зглобовите. Промената на времето не може да предизвика артритис, но може да ги зголеми неговите симптоми.

Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk