Брзо пилешко со печурки

Точка

07/11/2013

11:13

39.883

Големина на фонт

а а а

Пилешкото месо е одлична комбинација со сос од печурки.

Со оглед на тоа што пилешкиот стек е малку суво месо, бара да се подготви со соодветен сос. Токму еден таков рецепт е и овој.

Потребно:
30 г. брашно
800 г. пилешки стек
сол и бибер
1 лажица маслиново масло
30 г. путер
500 г. шампињони
50 мл.суво бело вино
сецкан магдонос
50 мл. пилешки бујон


Подготовка:
Пилешкиот стек исечете го на филети, посолете го и зачинете го со зачини по вкус. Оставете неколку минути зачините да се впијат во месото, а потоа извалкајте го во брашно.

Во тава на оган загрејте ги маслото и путерот, па испржете го стекот додека да добие златно-жолта боја. Испржените парчиња извадете ги во чинија и веднаш прекријте ги со алуминиумска фолија.

Откако ќе го испржите стекот во истата тава додајте уште малку путер, намалете го огнот и додајте ги печурките. Продинстајте додека да омекнат, околу шест минути. Потоа додајте го виното и бујонот, па динстајте додека да проврие.

Посолете и зачинете со бибер, и додајте ги парчињата пилешко заедно со соковите кои ги испуштило.На крај, наросете со исецканиот магдонос.

Добар апетит.

Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk