Со оглед на тоа што пилешкиот стек е малку суво месо, бара да се подготви со соодветен сос. Токму еден таков рецепт е и овој.
Потребно:
● 30 г. брашно
● 800 г. пилешки стек
● сол и бибер
● 1 лажица маслиново масло
● 30 г. путер
● 500 г. шампињони
● 50 мл.суво бело вино
● сецкан магдонос
● 50 мл. пилешки бујон
Подготовка:
● Пилешкиот стек исечете го на филети, посолете го и зачинете го со зачини по вкус. Оставете неколку минути зачините да се впијат во месото, а потоа извалкајте го во брашно.
● Во тава на оган загрејте ги маслото и путерот, па испржете го стекот додека да добие златно-жолта боја. Испржените парчиња извадете ги во чинија и веднаш прекријте ги со алуминиумска фолија.
● Откако ќе го испржите стекот во истата тава додајте уште малку путер, намалете го огнот и додајте ги печурките. Продинстајте додека да омекнат, околу шест минути. Потоа додајте го виното и бујонот, па динстајте додека да проврие.
● Посолете и зачинете со бибер, и додајте ги парчињата пилешко заедно со соковите кои ги испуштило.На крај, наросете со исецканиот магдонос.
Добар апетит.