Егзорцизмот не е фикција? Месец дена истерувале демон од дете

Точка

01/11/2013

17:11

16.660

Големина на фонт

а а а

Момчето познато само под името Роби наводно било запоседнато од ѓаволот во 1949 година. Се обидувале да го спасат подолго време. Егзорцистот пред својата смрт не сакал да ги открие деталите за обредот.

Филмот Егзорцист од 1973 година и ден денеска предизвикува страв кај секој кој ќе се осуди да го погледне. Единствена утеха за оние кои се’ уште имаат „трауми“ од овој филм е дека сето тоа е фикција.


Меѓутоа, христијани тврдат дека во 1949 година навистина имало случај на егзорцизам, во кој во едно дете навистина влегол ѓаволот, или демон. Околу 500 луѓе, меѓу кои и членови на редот „исусовци“, студенти на теологија и други експерти се собрале на дебата во Свети Луис за да расправаат дали приказната за егзорцизмот на момчето кое се викало Роби е вистина.


Теориите се разни. Едни велат дека момчето најверојатно имало некаква ментална болест или бил сексуално злоупотребуван, па ја измислил целата таа приказна. Но, лекарите заедно со свештеникот месец дена се обидувале да го избркаат ѓаволот од детето. Прашање е кој верува во оваа приказна.


„Ако нас ѓаволот не’ увери дека постои, половина битка е добиена“ – рекол свештеникот Пол Старк, кој дебатата и предавањето ги отворил со молитва од книгата за егзорцизам.

Егзористот не ги открил деталите пред смртта

Еден од слушателите рекол дека е во подалечно сродство со свештеникот Вилијам Боудерн, кој наводно ја предводел постапката на егзорцизам во зимата 1949 година, и никогаш не зборувал за деталите, ниту пак сакал овој случај некој да му го споменува, а починал во 1983 година. Тој му асистирал на пречесниот Волтер Халоран, кој за се’ зборувал отворено, но не можел да разјасни за што всушност станувало збор.


„Повеќе зборуваше за момчето, отколку за самиот егзорцизам. Велеше дека момчето било исплашено и збунето. Ми велеше дека не знае како се’ да објасни“ – рекол Томас Ален, гостин-предавач на дебатата, а пишува Дејли мејл.

Друг документиран случај на егзорцизам – Анелиз Мишел

Тогаш 16-годишната ученичка Анелиз Мишел, во 60-тите години од 20-ти век започнала да покажува знаци на опседнатост. На почетокот, симптомите биле препознаени како епилепсија од страна на невролог. Анелиз го пиела секој лек и ја прифаќала секоја медицинска помош која и’ била пружена, живеејќи активно некој период. По средното образование, без проблем се запишала на колеџ и сакала да стане наставничка. Но, за жал, медицинската помош не и’ била од корист.


Од време на време, Анелиз се жалела на одвратни визии кои и’ се појавувале кога се молела, но и кога поминувала покрај икона. Постара жена, пријателка на семејството, прва забележала дека нешто невообичаено се случува со девојчето. Набргу ја однела кај свештеници. Многумина од нив ја упатиле на доктор, но само еден предложил да и’ се изврши егзорцизам.


Анелиз Мишел починала од дехидрираност и изнемоштеност на 1 јули 1976. Родителите, но и двајцата егзорцисти кои над неа извршиле неверојатни 162 егзорцизми кои самата ги дозволила биле обвинети за несовесно убиство. Но, доказите за посесијата им послужиле за одбрана. Дури 42 од егзорцизмите биле снимени на аудио и имало разновидни слики од лошата положба на Анелиз.