Негативната страна на високите потпетици

Точка

31/10/2013

15:00

3.007

Големина на фонт

а а а

Високите потпетици и тесните чевли можат да го задебелат ткивото околу нервот помеѓу четвртиот и петиот прст и да доведат до вкочанетост и болки во прстите, што е познато како Мортонова неурома.

Консултантот педијатар Мајкл Онил неодамна предупреди дека носењето помали чевли може да предизвика долгорочни оштетувања, вклучувајќи артритис и оштетувања на нервите, поради што многумина мора да одат на операција.

Уште еден проблем кој се јавува при носењето високи потпетици се деформитетите на стапалата, па дури и модната икона Викторија Бекам го има овој проблем. Станува збор за коскени израстоци на зглобот кај палецот на стапалото, а обично настануваат поради носење тесни обувки.

Една студија открила дека една од пет операции во светот се прави токму за отстранување на израстокот на ногата предизвикан од носењето тесни високи потпетици.
Помладите жени се изложени на поголем ризик за проблеми со стапалата поради носењето високи потпетици, бидејќи според истражувањата, тие почесто носат проблематични чевли.


Околу 20% од жените на возраст меѓу 18 и 24 години имаат чифт чевли со потпетица повисока од 15 сантиметри. Од друга страна, такви чевли имаат 10% од припадниците на старосна група меѓу 25 и 34 години, и само 3% од оние на возраст меѓу 35 и 44 години.

Но поради високите потпетици не страдаат само стапалата, туку целото тело.
Вртоглаво високите потпетици го нарушуваат природниот став и држење и го туркаат телото кон напред, поради што ’рбетот и колковите не се во нормална положба.

Еве неколку совети како да избегнете некои од проблемите кои настануваат поради носењето високи потпетици.

Заради високите потпетици предниот дел од стапалата може да биде многу болен затоа што врз него се префрла тежината на целото тело. За да ги ублажите болките и да го спречите настанувањето на тврди и болни плускавци на стапалото, употребете силиконски влошки за чевли или перничиња за сандали.


Ако средниот дел од вашето стапало е потполно во воздух тоа значи дека сте одбрале погрешен калап на чевли за вашето стапало. Иако овој проблем не може да се реши и постои голема веројатност дека ќе почувствувате болка во стапалата веќе после првото носење на чевлите, можете барем да го ублажите падот. Обидете се во чевлите да ставите влошка со подигнат преден дел. Таа ќе го подигне вашето стапало и делумно ќе го пренесе притисокот на задниот дел.

Исто како што премалите и претесни чевли предизвикуваат плускавци и нагмечувања, истото можат да го направат и преголемите чевли, а тоа ќе се одрази на вашите петици. Стапалото кое константно се лизга по чевелот многу веројатно ќе ја оштети петата, особено ако ги носите чевлите на боси нозе. Но и овој проблем може да се реши. На задниот дел од чевелот (петата) залепете парче од самолеплива сунѓереста влошка или фластер за плускавци.

Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk