Колку брзо расте косата?

Точка

30/10/2013

18:30

12.962

Големина на фонт

а а а

Постојат голем број фактори кои влијаат на растот на косата, но генерално, косата расте многу споро.

Косата расте во три фази:
Анагена фаза (фаза на активен раст)
Катогена фаза (инвулотивна фаза)
Талогена фаза (фаза на мирување)

Во секој момент околу 85% од косата се наоѓа во анагена фаза, а 15% е во тaлогена фаза. Во анагената фаза (фаза на активен раст), која трае од три до шест години, косата расте побрзо. Катогената фаза се состои од обновување на фоликулите на косата кога се чини дека косата расте, но всушност мирува, а оваа фаза трае околу 20 дена. И на крај доаѓа телогената фаза која трае два до три месеци, кога новата коса се развива отстранувајќи ги старите влакна за да направи место за новите.

Голем број студии за растт на косата покажале дека косата во просек расте 1,5 сантиметар месечно, што значи приближно 18 сантиметри годишно. Иако косата не може да расте побрзо, можете да се погрижите да не расте поспоро.


Многу луѓе се во заблуда мислејќи дека влакната на лицето растат побрзо од оние на косата, но сѐ е во перцепцијата. Мажите ги бричат влакната на лицето многу блиску до кожата, така што се чини дека тие растат побрзо од косата. Но, брзината на растење на влакната на лицето е еднаква со брзината со која растат влакната на другите делови од телото.

Иако не може многу да се влијае на брзината на растот на косата, сепак треба да обрнете внимание на неколку факти кои можат да му пречат на нормалниот раст на влакната.

Пред сѐ, спречете оштетувања на косата така што ќе избегнувате агресивни средства и методи за обликување на косата.

Стресот исто така има голема улога – жените кои се под стрес ќе забележат дека имаат зголемено опаѓање на косата. Стресот може да влијае и на бојата на косата (кај некои луѓе преку ноќ обелува целата косата). Хормоните влијаат на раст на косата, па често можеме да слушнеме дека трудниците се жалат на опаѓање на косата.

Правилна исхрана богата со протеини, витамини и минерали сигурно ќе ви помогне во тоа вашата коса да изгледа здрава и убава.

Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk