Кипарската полиција трага по Британецот кој како дете бил киднапиран од Роми

Точка

28/10/2013

16:13

3.673

Големина на фонт

а а а

Бен Најдам бил киднапиран во попладневните часови, на 24. јули во 1991. година, на грчкиот остров Кос, на возраст од само 21 месец.

Кипарската полиција денес објавила дека на основа на дојавите на Интерпол, го истражува тврдењето дека еден Британец, киднапиран во далечната 1991. година, со неполни 2 години, неодамна бил виден во таа земја.

Бен Најдам бил киднапиран во попладневните часови, на 24. јули во 1991. година, на грчкиот остров Кос, на возраст од само 21 месец.



Интересот за овој случај оживеал откако грчката полиција добила видео снимка од младо момче забележано на Кипар, кое премногу личи на фотороботот, кој прикажува како би требало денес да изгледа Бен, на 23 години. На видео снимката, се гледа како момчето со група Роми учествува во прослава на некој верски празник во близина на кипарскиот град Лимасол.

Мистериозното момче од видео снимката има светло кафена коса и сини очи. Според пишувањето на грчките медиуми, тој наводно со едно ромско семејство пред неколку години се доселил на Кипар, за да го избегне служењето на воениот рок во Грција.


Спонзорирани линкови

Маркетинг