Со конкретни чекори до традиционална кинеска медицина во земјава

Нетпрес

21/10/2013

13:41

913

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство, Никола Тодоров престојува во работна посета на Кина, во состав на делегацијата, предводена од претседателот Ѓорге Иванов.

Во рамки на посетата, министерот Тодоров се сретна со Ванг Гуочанг, заменик-министер во националната комисија за здравје и семејно планирање (пандан на Министерство за здравство) и одговорен на државната администрација за традиционална кинеска медицина, каде беше разговарано за конкретните чекори за воспоставување на традицоналната медицина во Македонија, преку развој на курикулум за студии по традиционална кинеска медицина (ТКМ), соработка на ниво на универзитети, обука на лица од Македонија на полето ТКМ и престој на експерти за ТКМ од Кина во земјава.

Министерот Тодоров, како дел од високата делегација на претседателот, при посетата на Кина, како држава со претседателски систем, учествуваше на приемот по повод 20–годишнината од воспоставувањето дипломатски односи во Салата на мирот во кинеската асоцијација за пријателство со странски земји, а во текот на денешниот ден, заедно со претседателот Иванов ќе имаат средба со кинескиот претседател Џинпинг Си.


Спонзорирани линкови

Маркетинг