Иако најчесто фотографите сакаат само да фотографираат, Марија го обожава и позирањето, и мора да се согласиме дека одлично се снаоѓа и на тоа поле.
Кога би имала име на некој град во светот би се викала Барселона, а кога би добила наградно патување да посети една дестинација по желба, тоа ќе биде Рио де Жанеиро.
Ако некогаш мора да смени нешто во изгледот, би сакала да има кафеава коса и зелени очи, иако вели дека многу си го сака секој дел од телото.
Уште многу интересни нешта, но и дел од прекрасните фотографии на кои Марија го покажува талентот за позирање, погледнете во продолжение.
На љубовен план Марија во моментов е слободна, но вели дека многу ги сака романтичните гестови:
● За мене романтично е појадок во кревет со саканата личност, кој е подготвен со многу љубов.
Вистински среќник би бил партнерот кој ќе добие ваков појадок, затоа што Марија обожава да готви:
● Можам да кажам дека добро се снаоѓам во кујната. Кој пробал знае. (се смее) А кога до крајот на животот би требало да јадам само една храна, тоа би било пилешко со сос.
Со Супер девојките разговараме и на теми поврзани со љубовта и мажите, па ја прашавме и Марија - „Каков треба да биде еден маж за да го посака секоја жена?“, на што таа одговара:
● Дефинитивно совршен маж според мене е Кристијан Греј (од „Педесет нијанси на сива“).
Иако во изгледот на еден маж најважни ѝ се очите и забите, сепак Марија оценува и други нешта:
● Кога е изгледот во прашање многу ми е важно и тој убаво да мириса, да биде добро граден, висок и со неодолива насмевка. Но сепак, она на што посебно обрнувам внимание е карактерот, а не физичкиот изглед.
Марија во никој случај не ги оправдува неверствата, и никогаш не би простила такво нешто:
● Тоа според мене е многу ниско, и нема секој право на втора шанса. Доколку не си среќен со некој – замини, нема потреба од неверство.
Јас никогаш не сум била вљубена во двајца во исто време, и сметам дека тоа не е возможно. За оние кои мислат дека тоа е во ред, или пак се наоѓаат во таква ситуација, би им цитирала една мисла од Џони Дип: „Ако се вљубите во двајца во исто време, изберете го вториот, затоа што ако навистина сте го сакале првиот, не би се заљубиле во вториот“.
Ја прашавме Марија кој начин на додворување го одбираат нејзините обожаватели, на што таа вели:
● Ми се додворуваат и во живо и на Фејсбук, и обично тоа се истите луѓе и ми се додворуваат на двата начини.
Кога ги одбира пријателите на Фејсбук, не прави многу селекција, па еве кого одбира:
● На Фејсбук не ги прифаќам само луѓето со кои имам многу малку заеднички пријатели. Но сепак, тоа е само социјална мрежа и не гледам причина да ги бирам луѓето.