Ви се случува ли понекогаш без причина да избувнете или поради најмал проблем да добиете напад на анксиозност? Или после годишниот одмор да се чувствувате уморно и исцрпено?
Пред да ги обвините годините за уморот и нерасположението, проверете дали можеби ви недостигаат некои важни олигоелементи, како јод, селен и хром.
Селенот го успорува стареењето
Ако никако не ви оди од рака да се изборите со вишокот килограми, ако често наутро се будите исцрпени, а во текот на денот сте нервозни без причина, ако вашиот тен ја изгубил свежината а косата ви е сува, веројатно ви недостига јод. Овој олигоелемент е неопходен за работа на тироидната жлезда која го регулира метаболизмот и го стимулира растот и развојот. Без јод нема ни трансформација на бетакаротенот во витамин „А“, ниту правилна синтеза на протеини и апсорбција на јаглехидрати. Доколку вашиот организам не ја добива потребната дневна доза од овој минерал (150-180 микрограма) постои опасност од зголемување на килограмите, појава на срцеви проблеми, послаба концентрација, треперење на рацете, нервоза и раздразливост.

Наједноставен начин да ја обезбедите потребната количина јод е наместо обичната да користите јодирана сол (минимум 30 мг. јод на 1 кг. сол) , како и што почесто да јадете риба и морски плодови (100 г. морска риба содржи околу 50-100 микрограма јод, во споредба со 1-2 микрограма колку што содржи 100 г. месо).
Селенот го успорува стареењето
Постојаната исцрпеност, недостатокот на виталност и свиленкаст тен, се најчести показатели дека на организмот му недостига селен. Нутриционистите препорачуваат дека дневните потреби за селен треба да изнесуваат 250 до 300 микрограма. Богат извор на ова природно средство против стареење се туната, харингата, зрната пченица и семето од сусам. Селен има и во органски одгледаното овошје и зеленчук.
Хром против стрес
Постојаната напнатост, покачениот холестерол и големата желба за слатки, понекогаш може да бидат знак за недостаток на хром, што со време може да предизвика дијабетес и сериозни срцеви заболувања. Имено, овој олигоелемент го намалува нивото на лошиот, а го зголемува добриот холестерол, и со самото тоа го чува срцето и крвните садови. Од недостаток на хром често страдаат вегетаријанците, со оглед на тоа што најмногу го има во месото. Препорачана дневна доза хром е 50 микрограма.