Денес околу 11.00 часот почина Дуле од дуото "Дуле и Коки"!

Точка

23/09/2013

12:41

79.336

Големина на фонт

а а а

Денес околу 11.00 часот во скопската клиника на интензивна нега починал познатиот македонски пејач Душан Љубисављевиќ од дуото 'Дуле и Коки', дознава Точка.

Причината за неговата смрт не е инфаркт како што пренесуваат дел од македонските медиуми, туку неколкумесечна борба со рак на црниот дроб, за која многу малку луѓе знаеле.

Поради тешката состојба во која се наоѓал пејачот, денес рано наутро неговите органи започнале да откажуваат, а околу 11.00 часот настапила и смрт поради откажување на работата на неговото срце.

Тој позади себе со животот ја остави неговата сопруга Љупка Настовска со која подолго време бил во врска. Во овој брак тој ја прифатил и нејзината 5 годишна ќерка. Инаку, ова е втор брак на Дуле. Тој пред пет години се оженил со сопственичката на ланецот за продажба на хулахопки 'Санда', а тој брак траел само една година.

Дуле заедно со неговата втора сопруга Љупка и нивната 5 годишна ќеркичка


Почивај во мир...



Спонзорирани линкови

Маркетинг