Центарот за обуки ЕВА организира професионални курсеви за шминка, и курсеви за фотографија.
Центарот за обука ЕВА е постојано насочен кон усовршување на програмите, кадарот и можностите што ги нуди на своите слушатели.
1. КУРС ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ШМИНКА ВО СОРАБОТКА СО MANHATTAN КОЗМЕТИКА
Training Centar Eva во соработка со Manhattn козметика ви најавува нов и дополнет курс за професионална шминка.
„Научете ја уметноста на шминкањето и заработете“
Центарот за обука ЕВА веќе организираше два успешни курса за професионална шминка, а изложбата на фотографии и шминка на курсистите е на 21-ви октомври во Кафе “Ли” – Скопје, со почеток од 20:00 часот.
Овој курс е наменет за сите оние кои имаат желба да научат да шминкаат професионално, без разлика на возраста, имаат талент и предиспозиции да се занимаваат со тоа и сакаат да си отворат можности за заработка од шминкерството како професија. Најдобриот од обучените слушатели на курсот ќе има можност за пракса или за професионален ангажман.

Курсот за шминка ги опфаќа основите на професионалната шминка со теоретска но пред се’ практична обука:
- Вовед во материјалите кои ги користи еден професионален шминкер
- Типологија , физиономија и третман на кожата во склад со нејзината припрема за шминка
- Студирање и проучување на различни типови на лица (идеален лик, тенови, облици, структура на кожа) и нивни корекции
- Обликување на веѓи
- Надградба на трепки
- Fond de teint- Креирање на совршени подлоги и нивната важност
- Декоративна козметика
- Убавината низ историјата (иконите на убавината и нивниот фокус на шминката кои денес инспирираат модни трендови )
- Убавината во XX –век (низ модата и филмот )
- Актуелни модни трендови и креација на нови
- Корективнa шминка
- Сценска шминка
- Театарска шминка
- Филмска шминка
- Совети за make- up пазарот во Македонија

Курсот исто така ќе ви овозможи и:
- Изложба на фотографии со вашата шминка
- Сертификат за завршен курс по шминка
Курсот ќе го води Марија Ленчевска, професионална make-up артистка со импресивно портфолио и искуство од различни типови на шминка. Своето образование го стекнала во Лондон учејќи во Тhe London School of Beauty and Make-up, каде имала можност да учи од светски познати make-up aртисти. Нејзиното портфолио опфаќа работа на сериозни проекти и филмови како “Мajки” на Милчо Манчевски и филмови на В. Тозија, А. Русјаков, М. Ѓоковиќ, Д. Пејовски и др. Работела како официјална мake- up артистка на многу телевизиски шоуа, модна шминка на многу фотосесии за колекции на модни дизајнери, музички спотови, рекламни спотови за Т – Mobile/T-Home, Скопско, VIP мобилен оператор, Комерцијална банка и Стопанска банка. Позната е по својата сестраност и по својот уникатен уметнички израз.

Курсот трае 5 недели, опфаќа вкупно 20 часа по 60 минути, организирани во 10 доаѓања,двапати неделно по 120 минути, а ќе заврши со изложба на фотографии со ваша шминка во соработка со слушателите од курсот по фотографија.
Имате можност за плаќање на две рати, а во цената влегуваат работниот материјал, скриптите, Сертификатот, моделите и професионалните фотографии. Manhattan козметика на курсистите ќе им додели сетови со шминка и низа попуст поволности при купување производи во иднина.
Курсот почнува на 12-ти октомври, кoга е закажана и првата средба. Пријавување до 8-ми октомври. Бројот на слушатели е ограничен поради ефикасност на курсот.
Термините се двапати неделно попладне, во договор со пријавените.
Пријавувањето можете да го направите со оставање на вашите лични податоци (име, презиме, адреса и телефонски број) на нашите телефонски броеви 02 / 3256 262, 078 / 23 13 23 и нашата e-mail адреса contact@tc-eva.com и eva.center@yahoo.com или лично во Центар за обука ЕВА од 10:00 до 18:00 часот.
Уплатите се вршат на нашата трансакциска сметка на Центар за обука ЕВА 210-067122310140 - Тутунска банка АД Скопје, со цел на дознака : “За курсот за шминка”.

2. КУРС ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ФОТОГРАФИЈА
„Создадете своја визуелна умeтност и изразете се креативно“
Преку овој курс за фотографија ќе се обидеме да ве научиме како да го извадите максимумот од вашите фотоапарати и ефикасно да ги пренесете своите идеи во интересни фотографии, да се изразите креативно и да создадете своја визуелна уметност. Курсот е наменет за фотографи аматери, како и за почетници кои сега ги прават првите чекори во фотографијата или пак поискусни кои сакаат да ги усовршат и збогатат своите знаења.
Целта е преку теориска и практична работа да научите како да ја цените фотографијата, и како со опремата што ви е на располагање да направите убави и интересни фотографии,

Овој курс е за сите оние кои ја доживуваат фотографијата како јазик за изразување на сопствените идеи, ставови, забелешки, визии. Покрај теоретскиот дел курсот опфаќа и многу практична работа со примери, но и фотографирање на различни субјекти во реални ситуации и настани.
Часовите се одржуваат еднаш неделно, најчесто во сабота попладне, траат по 120 минути а целиот курс трае три месеци. Курсот чини 12.000 денари и има можност за плаќање на 3 рати. Наставата се одржува во Центар за обука ЕВА, како и во професионално фотографско студио и на терен, во природа.
Оние што ќе го посетуваат курсот ќе имаат можност да земат учество во некои проекти и фотографирања во студио и на терен и веднаш да стекнат вредно искуство и можности.
Центар за обука ЕВА досега има организирано 5 успешни курсеви по фотографија кои завршиле со изложба на фотографии и проекција на фотографии.

Предавач на курсот е еден од најдобрите и најдокажани фотографи кај нас Наке Батев, кој има дипломирано уметничка и применета фотографија на Националната академија за театар и филм во Софија, а моментално работи како уредник на фотографија во дневниот весник “Вечер” како и за германската фотографска агенција “ЕРА”, преку која негови фотографии се објавуваат низ целиот свет, во етаблирани весници, магазини и сајтови. Наке Батев важи за сестран фотограф кој е исклучително добар во повеќе типови фотографија: новинска, репортажна, пејзажна, астро, модна фотографија итн. Од почетокот на издавањето до крајот е официјален фотограф на македонското издание на “Плејбој”. Батев има одржано многубројни самостојни и групни изложби во земјава и странство, реализирано многу фотографии за рекламнин постери и театарски претстави, како и репродукции на истакнати уметници за изработка на каталози и монографии. Добитник е на многу престижни награди меѓу кои најдобра фотографија во Европската фото агенција, Гран При награда на едноминутен филм на 10-от филмски фестивал во Скопје, втора награда за фотографија по повод “Денот на Европа”, награда за студентиски филм на фимскиотфестивал “Браќа Манаки” во Битола итн.

Концепт на курсот:
- Почетоци на фотографијата (запознавање со различите типови на фотоапарати)
- Најинтересни фотографи од историјата, претставници на одредени жанрови
- Основна фотографската опрема и вештини за нејзино правилно користење
- Композиција, кадар, светло
- Основи на работа со светло во студио и на терен
-Пристапи на кадрирање
- Основи на техники – бленда, експозиција, мерење, колор баланс итн.
- Запознавање со различите типови на фотографија - портрет, пејзаж,макро, концертна фотографија, новинска фотографија, астро фотографија, модна фотографија итн.

Уплатите се вршат на нашата трансакциска сметка на Центар за обука ЕВА 210-067122310140 - Тутунска банка АД Скопје, со цел на дознака : “За курсот за фотографија”.
За повеќе информации можете да се обратите и на веб сајтот на ЕВА и на нивната фан страница на Фејсбук.