Иако масоните се членови на најголемото и најстарото братство во светот, и веројатно секој од нас познава некој масон (или слободен ѕидари/масон) иако не е свесен за тоа,многу луѓе не се сосема сигурни за тоа што се масоните и кои се нивните цели.
Одговорот е едноставен. Масоните се членови на братство (група на мажи) кои се зачленуваат овде од три причини:
-Има нешта кои тие сакаат да ги прават за светот
-Има нешта кои тие сакаат да ги прават „внатре во нивниот ум“
-Тие уживаат да бидат заедно со луѓе кои им се допаѓаат и ги почитуваат
Што е масонството?
Никој не знае колку долго постојат масоните, бидејќи нивното оригинално потекло е заборавено во времето. Веројатно водат потекло од ѕидарите со камења кои ги граделе замоците и катедралите во Средниот век. Можно е на нив да влијаеле Темпларите, група христијански свештеници-воини, формирани во 1118 година за да им помагаат на аџиите да стигнат до Светата земја.

Во 1717 година, членови на масонското братство создале формална организација во Англија, кога првата голема ложа била формирана. Голема Ложа е административно тело кое го водат масоните во одредена географска област. Во САД има Голема ложа во секоја држава, и во регионот Колумбија. Во Канада има ложи во секоја провинција. Локалните организации на масонството се наречени ложи. Моментално во САД има околу 13.200 ложи.

Кои се масоните?
Масоните се уникатна институција која претставува значаен дел од општествениот живот во Америка повеќе од 250 години. Ова е најголемото и најстарото братство во Америка, и продолжува да биде значаен дел од животите и општествениот развој на многу мажи.
Братството на масоните е организација на мажи врзани меѓусебе со филозофија за морални стандарди, взаемно разбирање и братство во кое сите мажи се на исто ниво и еднакви.

Што претставуваат масоните?
Масоните се луѓе кои одлучиле дека сакаат да се чувствуваат добро самите за себе, и пред другите луѓе. Тие се грижат за иднината, како и за минатото, и прават се’ што можат, сами или со другите членови, за да направат иднината да изгледа добро за сите.
Многу мажи низ генерациите го одговориле прашањето „Што се масоните?“. Еден од најелоквентните одговори бил напишан од пречесниот Џозеф Форт Њутон, интернационално признаен свештеник од првата половина на 20-тиот век и Голем каплар на Големата ложа на Ајова, 1911-1913.
Дали е масонството религија?
Иако масонството не е религија, неговото истакнување на Татковството на Бога осигурува Братството на луѓето да го следи правилото природно. Со ова доаѓа и облигацијата на Златното правило, особено со друг масон, и тоа претставува една од најсилните врски во општеството. Кога запознавате други масони, голема е веројатноста дека ќе ве третираат онака како што сакате да бидете третирани.

Како може човек да стане масон?
Некои луѓе се изненадени што никој не ги повикал да станат масони. Но братството не функционира така. Повеќе од стотици години, на масоните им е забрането да бараат други луѓе да му се придружат на братството. Смеат да разговараат со пријатели за масонството, за тоа што се прави и кои се целите. Може да им се каже дека уживаат да бидат дел од братството. Но не смеат да им бараат, а уште помалку да им вршат притисок, на други да се придружат.
За тоа има добра причина. Не е дека тие се трудат да бидат ексклузивни, туку е така бидејќи да се стане дел од Братството на слободните масони значи да се направи трајна животна посветеност да се живее на одреден начин. Целите на масоните се да се живеат со чест и интегритет,да бидат волни да делат и да се грижат за другите, да си веруваат еден на друг, и да имаат бескрајна верба во Бога. Никој не смее да биде наведен да донесе таква одлука.

Масоните велат дека најголема нивна тајна е дека тие немаат тајни. И покрај вечната мистерија за тоа кои се тие и која е нивната мисија, се’ уште го држат својот свет затворен за „обичните луѓе“, оставајќи да се мислиме што се крие зад нивните формални и воздржани одговори.