Гевгеличанец си имал мини градина со канабис сатива за лични потреби

Нетпрес

13/09/2013

14:13

1.449

Големина на фонт

а а а

По извршен претрес по предходно добиени сознанија во дворот од куќата на гевгеличанец полицијата откри десет насади на марихуана со кои тој планирал да си направи залиха за неколку години.

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера по наредба за претрес на дом и помошни простории издадена од ИС при ОС Велес, извршен е претрес во куќата, дворното место, помошните простории како и во помошните простории- ранч кои се наоѓат во атарот на Гевгелија, во непосредна близина на фабрика “Паскалин“, во сопственост на 39-годишниот Д.С. откриени се насади на марихуана.

Од МВР појаснуваат дека во дворното место беа пронајдени засадени 10 растенија Канабис Сатива во висина од 70 см до 2,5 метри, во гаражата беа пронајдени пет растенија Канабис Сатива закачени да се сушат во висина од 1,6 до 2,4 метри, сноп од гранки со листови и цветни завршетоци од растението Канабис Сатива закачени да се сушат и пластични кофи од кои едната исполнета со цветни завршетоци, а другата со гранки и листови, а пронајдени се и три најлонски ќеси исполнети со цветни завршетоци од растението Канабис Сатива.
Пријавениот во текот на претресот сам, доброволно ги предал и покажал сите предмети кои беа пронајдени и одземени и тој е приведен и задржан во просториите на полицијата во Гевгелија.

Во обавениот разговор со него тој навел дека во текот на јуни годинава од љубопитност ги фрлил семките кои предходно ги пронашол во помошна просторија (казанџилница) која се наоѓа во склоп на неговата куќа во дворот. Откако изникнале растенијата почнал да ги одгледува, а бидејќи бил долгогодишен корисник на опојна дрога марихуана планирал да си произведе опојна дрога марихуана за лични потреби и да си направи залиха за неколу години.