Денес лубрикантите можат да бидат додаток во вашите сексуални игри кои ќе го направат сексот подобар. Еве неколку корисни информации за лубрикантите.
Зошто се користат?
Поради менопауза, неодамнешно пораѓање, стрес, депресија или под дејство на лекови или алкохол, кај жените може да се јави проблем со сува вагина. Неодамнешните истражувања покажале дека од овој синдром во Америка страдаат повеќе од 20 милиони жени. Кај нив сексот е болен, настануваат повреди на сузокожата на вагината, а со текот на времето може да се јави и одбивност кон сексот. Токму поради ова постојат лубрикантите. Првично нивната намена е да им го олеснат сексот на жените кои имаат ваков проблем, но со текот на времето станаа и секс играчка која го прави сексот поинтересен.
Како се користат?
Лубрикантите нанесувајте ги директно на клиторисот или на кондомот. Потребно е да нанесете поголема количина лубрикант, а деталите за користењето воглавно се назначени на пакувањето на производот. Освен регуларните лубриканти, постојат и такви кои имаат функција на дополнително надразнување на клиторисот, што овозможува поинтензивен оргазам.
Какви лубриканти да користите?
Има повеќе видови лубриканти, меѓу кои некои се на база на масло, а други на база на вода. Овие првите не се препорачливи иако се поефикасни, бидејќи можат да предизвикаат пукање на кондомот. Лубрикантите на база на вода можат да се користат со презервативите, но нивниот недостаток е тоа што брзо се „сушат“, па за време на сексот ќе треба неколку пати да ставате од нив.
Зачинете го сексот со лубриканти
Постојат неколку трикови со лубрикантите со кои можете да го зачините вашиот сексуален живот. Освен тоа што помагаат сѐ да оди „како подмачкано“лубриканти не мора да се користат исклучиво за главниот чин при сексот. Исто така можат да послужат како предигра. Користете ги така што пред сексот час или два ќе ги чувате во фрижидер, а потоа нанесете ги на ерогените зони. Топлата кожа разладена на овој начин станува дополнително чувствителна на допири, па така допирите на ерогените зони сега ќе имаат сосема поинакво значење.
Лубрикантите можете да ги користите и при орален секс, за што се препорачуваат лубрикантите кои имаат овошни вкусови. Сепак, ваквите лубриканти не се препорачливи за пенетрација бидејќи содржат шеќер, па ситуацијата може да стане прилично леплива.
И за крај, со лубрикант наместо интимните делови, можете да ја намачкате целата кожа и да си пружите еден на друг нежна масажа. Сепак, кожата е нашата најголема ерогена зона.