Индиски ореви: за здрав желудник и подобра концентрација

Точка

13/08/2013

20:11

19.766

Големина на фонт

а а а

Индиските ореви освен што се многу вкусни за грицкање, исто така се и одлични за здравјето на организмот.

Плодот од ова егзотично растение е ризница на хранливи материи – витамини Ц, Б1, Б2, Б6 и Е, како и нијацин, цинк, калиум, натриум, бакар, флуор, јод, калциум, железо и фосфор.
Индиските ореви во својот состав имаат и доста масти кои им ја даваат високата калориска вредност.

Овие јаткасти плодови се препорачуваат во случај на ментално напрегање, особено на учениците и студентите, како и на оние кои долго седат пред компјутер.


Има антибактериско и антисептичко дејство, делува против воспаленија, има својсто на диуретик, ја ублажува кашлицата, го намалува шеќерот и покачениот крвен притисок, ги прочистува цревата и нормално делува и како афродизијак.
Оваа теорија за индиските ореви ја потврдиле многубројни студии кои се занимавале со истражување на овој вкусен јаткаст плод.

Индиските ореви помагаат и во борбата против вишокот калории. Една рака индиски ореви на ден, го зголемува лачењето на хормонот кој на мозокот му сигнализира дека сте сити, па така оваа намирница помага и во слабеењето.

Индискиот орев ефикасно ја уништува бактеријата хеликобактер пилори која е причина за појава на чир на желудник, а во неговата лушпа е откриена анакардична киселина, за која се смета дека ги убива канцерогените клетки.

Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk