Грчките и бугарските националисти се фатија во сопствените замки

Нетпрес

29/07/2013

09:36

1.615

Големина на фонт

а а а

Мал број грчки портали и блогови информираа за инцидентот што се случи вчера во Ќустендил, кога македонската владина делегација беше пречекана од таканаречената ВМРО на Каракачанов со слоганот „Македонија е бугарска”.

Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, додека кај нашиот источниот сосед се вееја транспаренти дека Македонија била наводно бугарска, на границата со нашиот јужен сосед патниците беа пречекувани од членовите на Златна Зора и нивото тврдење дека Македонија била наводно една и грчка.

Ако се земе предвид дека не само Златна Зора, туку и грчкиот државен врв тврди дека Македонија била наводно една и грчка, тогаш јасно е зошто веста во Грција беше пренесена со еден куп дезинформации.

На пример во текстот на порталот “Ехедорос” зборот “Македонија” кои што Бугарите го имаа на транспарентите е заменет со зборот „Скопје”.

„Слоганите што доминираа меѓу присутните беа 'Скопје е бугарско', 'И претходно и сега Скопје е Бугарија'“…, се вели во текстот на порталот каде што иако зборот Македонија е намерно заменет со зборот Скопје, на фотографиите јасно се гледа дека пишува Македонија.

Зошто Грците не известија дека Бугарите имаа напишано дека не Скопје, туку Македонија била бугарска, останува отворено прашање. Истовремено останува и дилемата дали ќе има некаква реакција на релација Софија – Атина во правец на меѓусебни обвинувања за територијални претензии.