Во живо од Велика Британија: Кејт Мидлтон и принцот Вилијам станаа родители!

Точка

22/07/2013

21:58

10.716

Големина на фонт

а а а

По долгото чекање, на свет конечно пристигна кралската принова! Според последните информации, Кејт Мидлтон роди здраво машко дете во болницата "St.Mary" во Лондон.

Од Велика Британија пристигна и официјалната потврда дека Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон роди здраво, машко дете со вкупна тежина од 3.800 грама.


"Нејзиното кралско височество, Војвотката од Кембриџ, го роди синот во 16.24 часот. Бебето е тешко 3,8 килограми. Војводата од Кембриџ присуствуваше на раѓањето. Кралицата, војводата од Единбург, принцот од Велс, војвотката од Корнвил, принцот Хари и членовите на двете семејства се информирани и воодушевени од веста. Нејзиното кралско височество и нејзиното дете добро се чувствуваат и ноќта ќе ја поминат во болницата", било наведено во соопштението.













Спонзорирани линкови

Маркетинг