Подгответе пица вафли

Точка

17/07/2013

16:32

4.209

Големина на фонт

а а а

Вафлите се најпопуларниот американски појадок, но во последно време и кај нас се многу актуелни.

Иако најчесто ги јадеме во блага верзија, овој пат ви предлагаме вкусни, солени пица вафли.

Потребнo:

20г свеж квасец
1 лажица шеќер
75 мл млеко
100 г путер
200 г меко прашно
Сол
2 јајца
½ лажица оригано
100 г шунка
25 г пармезан
50г зелени маслинки


Подготовка:

Квасецот иситнете го на мали парчиња, ставете го во чаша, посипете со шеќер, залијте со топло млеко и ставете го на топло да нарасне.

Во поголем сад ставете го стопениот путер во кој ќе го додадете брашното, солта, и добро изматете со миксер.

Додајте ги и јајцата, ориганото, нараснатиот квасец, и сѐ заедно добро изматете.

Оставете тестото да отстои десетина минути, па додајте ја и шунката, пармезанот и исецканите маслинки.

Земете 2-3 лажици од смесата и распоредете на добро загреан тостер за вафли и печете ја секоја околу пет минути.

Печените вафли послужете ги со моцарела и кечап, или салата.

На здравје!

Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk