Ердоган: Сребреница како Египет и Сирија

Нетпрес

13/07/2013

13:55

1.872

Големина на фонт

а а а

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган одржал говор на традиционалната рамазанска вечер во организација на Здружението на независните индустријалци и бизнисмени МУСАИД во Истанбул.

Ердоган, зборувајќи и за двојните стандарди што владеат во светот, се осврнал и на злочинот во Сребреница, што е извршен на 11 јули 1995 година, споредувајќи ја Сребреница со Сирија и Египет.

„Бевме сведоци дека светот молчеше, се правеше дека не го гледа крвополевувањето, светот го игнорираше фактот дека во Сребреница и во Бих масовно гинат цивили и невини луѓе. Денеска таа неправилна постапка ја гледаме и во случајот со Сирија и Египет“, рекол Ердоган.

Турскиот премиер потсетил дека на 11 јули е обележана 18-годишнината од злочинот во Сребреница, и дека во тој град во јули 1995 година во еден ден се убиени повеќе од 10.000 Бошњаци.

„Тоа е голем број на човечки трагедии. Уште повеќе ја зголемува болката тоа што Сребреница се случи среде Европа, во зоната што од страна на ОН е прогласена за ‘сигурна зона’ и тоа што се случи пред очите на целиот свет. Многу случувања, што ги доживеавме ние во блиската историја, а и земјите од Балканот, ќе служат во историјата за докажување на големите и длабоки навреди“, порачал Ердоган.