Галерија: Последици од поплавите во Мозамбик, бројот на загинати се искачи на 750 лица

Бројот на загинати од циклонот Идаи се искачи на 750 лица, а пристанишниот град Беира во Мозамбик кој беше најпогоден од бурата, полека го започна своето бавно закрепнување. Невремето од категоријата 2 го погоди градот на 15-ти март, со ветрови од 175 км/ч што доведоа до огромни дождови и поплавени села, додека се движеше кон внатрешноста на Зимбабве и Малави.