Стравични фотографии од пожарите во Калифорнија

Сувите временски услови, високите температури и силните ветрови уште еднаш доведоа до големи и деструктивни пожари на територијата на Калифорнија. Според последната проценка, пожарот зафатил околу 40 илјади хектари, а досега загинале најмалку шест лица.