Фото-патување низ напуштеното село Хоутован

Хоутован е напуштено рибарско село, сместено на северната страна од архипелагот Шенгси. Оваа група на острови е дом на неколку рибарски села, вклучувајќи го и Хоутован кој бил напуштен во 1990 година. Во него претходно живееле околу 2 илјади луѓе кои го напуштиле поради проблеми поврзани со образованието и доставата на храна, а денес истото претставува популарна туристичка атракција.