Манчестер одбележа една година од бомбашкиот напад

Стотици луѓе се собраа во катедралата на англискиот град Манчестер по повод годишнината од самоубиствениот бомбашки напад, кој се случи на 22-ти мај 2017 година во Манчестер Арената, по концертот на американската поп-ѕвезда Аријана Гранде.