Англискиот булдог Заза е најгрдото куче во светот

На традиционалниот натпревар за најгрдо куче во светот, што се одржа во Калифорнија, победи англискиот булдог Заза. Деветгодишната Заза ги засени останатите натпреварувачи. Кучињата на овој светски натпревар, кој се одржува 30 години, ги покажуваат своите несовршености – некои од нив се без влакна, а други имаат долги исплазени јазици. Тие со своите сопственици дефилираат по црвен килим, а ги оценува стручно жири.