УЕФА: Ножичките на Манџукиќ – гол на сезоната

Марио Манџукиќ го постигна најубавиот гол во сезоната 2016/2017 во натпреварувањата што ги организира УЕФА. Голот на сезоната го избраа читателите и посетителите на интернет-страницата на УЕФА. Манџукиќ во финалето во Лигата на шампионите постигна спектакуларен гол со ножички. Хрватскиот репрезентативец во тој момент го израмни резултатот против Реал на 1:1, но на крајот „кралскиот клуб“ го победи Јувентус со 4:1.