Видеото "Мој Пасито" е дефинитивно најдобрата обработка на Despacito на интернетот, особено ако сте љубител на кучиња

Пејачката од Дубровник со адреса во Сплит направила своја обработка на најголемиот летен хит "Despacito", а нејзината верзија "Мој Пасито" со брзина на гром се шири на социјалните мрежи. Марија Драгичевиќ го опејува своето куче Нина, а во нејзиниот опис може да се пронајдат многу сопственици на кучиња. "Во спомен на "личноста" која го освои моето срце откако се појави, преплашена и мрзелива, а денес е најмазеното, најсакано и најразмазено куче во Сплит. И навистина е така, колку подобро ги запознавам луѓето, повеќе си го сакам кучето. Да живеат кучињата!", напишала.