И тоа го има: Го нападнаа судијата, а тој им извади пиштол

Во пониските фудбалски рангови, посебно во Јужна Америка, каде сме биле сведоци и на убиства на фудбалери, се случуваат навистина неверојатни работи. Оваа сцена ни доаѓа од Бразил. На фудбалскиот натпревар помеѓу Оријент и Индустријал, судијата во 75 минута досуди пенал за Оријент. Играчите на Индустријал го обиколиј судијата и бараа објаснување за судиската одлука, а еден од нив го удри. Тогаш, судијата отиде до клупата за резервни играчи и за неверување извади огнено оружје. Со пиштолот во рака, се упати кон играчите, а овие уплашени, се растрчаа по теренот и почнаа да скокаат преку ограда, спасувајќи го животот.