Мислеше дека ја црта акцијата на тимот, а си нацрта полов орган

Еден унгарски спортски аналитичар во живо давал експертска анализа за натпреварот од NHL лигата помеѓу Колорадо и Винипег. Тој случајно нацртал пенис, а колегите во студиото не можеле да се воздржат и да не се смејат. Сепак тој успеал да ја задржи ладнокрвноста и да продолжи со анализата. На социјалните мрежи има расправи на оваа тема, а некои претпоставуваат дека станува збор за облог.