Домашни и странски компании добија концесии за геолошки истражувања на минерални суровини

Нетпрес

16/05/2013

13:30

536

Големина на фонт

а а а

Домашни и странски компании добија концесии за детални геолошки истражувања за минерални сувровини на 50 локации низ земјава.

Од нив 29 се за металични минерални суровини, 17 за неметалични минерални суровини и четири за украсен камен. Покрај домашни компании, концесии за детални геолошки истражувања добија и фирми од Турција, Канада, Австрија, Велика Британија и Бугарија.

Вкупниот концесиски надоместок којшто треба да биде уплатен во рок од 30 дена од моментот на објавување на одлуката во „Службен весник“ изнесува 50 милиони денари.

„Создаваме услови за развој на бизнисите во Република Македонија. Тоа ќе значи и дополнителен приход за компаниите, ќе се отворат нови работни места и ќе се создадат услови за нови приходи за општините и за државата бидејќи согласно новиот Закон за минерални суровини 78 проценти од приходите ќе се слеваат во општините, а 22 проценти во централниот Буџет, рече денеска министерот за економија, Ваљон Сарачини.

Доделена е и концесија за локалитетот „Алшар“ која ја има добиено македонска компанија од Скопје. За овој локалитет аплицирале три компании од кои две ги исполнувале условите, а една не.


Спонозорирани линкови

Маркетинг