Едир Мацедо, божјиот тајкун тежок 1,2 милијарди долари, станал најбогат свештеник на светот проповедајќи им на најсиромашните луѓе во Јужна Америка, а сега тој има медиумски конгломерат од телевизиски и радио станици, своја флота на авиони и постојано е под истрага на судовите.
Со богатство од 1,2 милијарди долари, Едир Мацедо е најбогат свештеник на светот. Интернет порталот "Bloomberg" неодамна објавил обемен портрет за овој "Божји тајкун" кој е дел од годишниот список на најбогати луѓе во светот кој секоја година го објавува "Forbes".

Мацедо е основач на Универзалната црква на кралството Божјо, бразилска црква втемелена на теологијата за просперитет. Оваа протестантска секта верува дека финансиите го спојуваат човекот и Бога, па така, секој кој ќе донира во неговата црква, може да очекува дека ќе биде на Божјиот список на приоритети кога ќе се делат парите, односно ќе биде сместен на највисоките места.

Но, Мацедо не проповеда пред богатите Бразилци. Негови следбеници се сиромашните луѓе кои што ги преполнуваат спортските сали и стадиони кога тој држи говор, а го следат и милиони гледачи преку директниот пренос кој што го дава неговиот медиумски конгломерат "Rádio & Televisăo Record".

Во 68-та година од својот живот, Едир го достигнува својот врв, тврдејќи дека има следбеници во 200 земји, односно дека само во Ангола има половина милион. Во САД има повеќе од 60 илјади следбеници, од кои поголемиот број се доселеници од Латинска Америка. Тој постојано патува, има мала флота на приватни авиони, а најдраг му е "Dassault Falcon", за кого издвоил 20 милиони долари.

Мацедо одржува миси два пати неделно, во два различни градови. Секако, неговите миси се пренесуваат преку неговите портали на интернет, на неговата Фејсбук страница и на безброј помали телевизиски канали во сиромашните бразилски градови и села. Тој е вистинска ѕвезда и на неговите миси доаѓаат и по 500.000 луѓе. Во текот на одржувањето на својот говор, тој е исклучително енергичен, се движи по целата сцена, се поти и вика гласно и знае на илјадници начини да ја опише тајната врска на Бога и парите

Роден е во 1945 година на североистокот од Бразил во семејство со седум деца, а уште во детството се доселил во Рио Де Жанеиро. Училиштето го напуштил кога имал 11 години и започнал да работи кај својот татко во барот. На 16 години тој се вработил во покраинската лотарија. Важел за најнеубавото дете во семејството, роден со мала деформација која го ограничила неговиот раст, па тој останал исклучително низок, со неприродно големи дланки. Не можел да најде партнерка и уште во тинејџерските денови љубов барал кај проститутките.

Кон оваа вера Мацедо се приклучил на 18 годишна возраст, при средбата со канадски проповедник. Тој се крстел три пати и тврди дека тогаш во него влегол светиот Дух. Својата сопруга Естер ја запознал во црква, а станал татко на 30 годишна возраст.

Потресен затоа што и неговата ќерка се родила со деформација која, иако била сосема мала и незначајна, за него била Божји знак, одлучил да се откаже од лотаријата и да му го посвети својот живот на Исус. Во 1977 година започнал да проповеда во парковите, со помош на микрофон и евтини изнајмени звучници, а подоцна изнајмил поранешно погребално претпријатие и таму ја основал својата црква.

Во текот на три години, тој отворал по три цркви месечно ширум Бразил. Тогаш ја добил и својата втора ќерка која во црквата ја донела неименувана жена и му рекла на Мацедо дека му ја подарува. Бебето имало само две недели, а тој и неговата сопруга ја посвоиле и ја нарекле Моисес. Таа денес пее на мисите на нејзиниот татко и продава музика за сапуниците кои што ги продуцира медиумската куќа на нејзиниот татко. Како и нејзината сестра Кристина, и таа е омажена за пастор кој води дел од бизнисот на Мацедо. Кристина и нејзиниот сопруг го водат центарот за брачно советување, а целиот семеен бизнис расте благодарение на страствените проповеди на најбогатиот свештеник во светот.