Црно-бела приказна за едно прекрасно пријателство

Точка

09/04/2013

17:15

1988

Големина на фонт

а а а

Откако пред неколку месеци уживавме во <a href="http://tocka.com.mk/8/87120/foto-prikazna-za-edno-najubavo-prijatelstvo" title="http://tocka.com.mk/8/87120/foto-prikazna-za-edno-najubavo-prijatelstvo">прекрасното пријателство помеѓу малечко детенце и неодоливо слатко кученце</a>, сега во интернет етерот се попопуларна станува и фото-приказната за пријателството помеѓу русокосо девојче и прекрасно сиво маче.


Имено, Енди Прок е фотограф кој се одлучил да го овековечи пријателството помеѓу неговата ќерка и нејзината мачка. Така, во продолжение можете да ја запознаете Кетрин, со својата неодолива, британска мачка со крзно со кратки влакна, наречена Лили Блу. Сакајќи да го претстави ова пријателство кое што постои уште од првите денови на неговата ќерка, тој ги фотографира "пријателките" во најразлични амбиенти.


Русокосата и слатка Кетрин моментално има 4 години, додека мачката Лили има 6 години. "Целиот живот тие две го поминаа заедно", објаснил Енди. "Сакам да ги фотографирам затоа што и двете премногу ги сакам. Отсекогаш сум верувал дека фотографот мора да го сака сето она што го овековечува со својот апарат".

Овие црно-бели портрети се одличен потсетник дека љубовта која домашните миленичиња им ја подаруваат на луѓето претставува единствена врска која што не може да биде заменета во ниту еден друг случај. Едноставно, станува збор за прекрасни фотографии.










Спонозорирани линкови

Маркетинг