Дури и Роман Абрамович e "љубоморен" поради оваа јахта

Точка

07/04/2013

11:35

16.841

Големина на фонт

а а а

Роман Абрамович, еден од најбогатите луѓе во светот, добро познат е и како сопственик на најголемата јахта во светот, чудото "Eclipse", меѓутоа отсега оваа негова титула заминува во историјата затоа што од синоќа во светот постои нова најголема јахта со нови нејзини сопственици!

Имено, светот синоќа ја доби новата најголема приватна јахта во светот. "Azzam" е супер јахта долга 180 метри, а истата вреди 470 милиони долари. Овој "ѕвер" помеѓу јахтите ќе му припадне на член од саудиското кралско семејство Алвалид Бин Талал Алсауди.

Овој супер луксузен брод веројатно ќе го направи љубоморен дури и рускиот тајкун Роман Абрамович, познат како голем љубител на јахтите, затоа што неговата јахта "Eclipse" ќе остане во сенката на "Azzam" затоа што е и 17 метри пократка од неа.


Новиот рекордер синоќа бил претставен во Германија и по сите свои карактеристики, оваа јахта ги надминува сите свои конкуренти.

Покрај тоа што е "Azzam" е најдолгата јахта, таа е и најбрзата во светот. Со 94.000 коњски сили, јахтата достигнува брзина од 30 јазли или 56 километри на час.

Германската компанија "Nauta Yachts", производителот на оваа јахта чие што име на арапски значи "посветеност", потврдила дека станува збор за "најсложената и најкомплицираната јахта која некогаш била изградена". "Ова навистина е голем момент во историјата на создавање на јахти", изјавил Питер Лурсен, претставник на производителот.


За внатрешноста на "Azzam" не е познато многу, освен дека е неопходен екипаж од 50 луѓе. Според сите предвидувања, внатрешноста на јахтата би требало да биде барем за една класа подобра од онаа на Роман Абрамович, односно да има луксузни апартмани, два базени, два хелиодроми, спортски сали, кино, мини-подморница, па дури и сопствени ракети за одбрана.

За разлика до Роман Абрамович, јахтите кои што ги имаат саудиските принцови најчесто немаат големи палуби на кои што се одржуваат лудите забави. "Никогаш не сум видел на некоја од јахтите на Арапите да има големи забави на кои што девојките во бикини се сончаат покрај базенот, каков што е случајот со Русите. Тие се грижат само за престижот, односно кој ќе има поголема јахта", изјавил Питер Сејферт од магазинот "YachtPhoto".











Спонозорирани линкови

Маркетинг