Рома декласирана од Каљари: Погледнете како се избламира голманот на Волчицата

Точка

02/02/2013

12:48

3.309

Големина на фонт

а а а

Екипата на Рома синоќа пред своите навивачи на Олимпико во Рим беше поразена од екипата на Каљари со 4-2.

Во првиот натпревар од 23. коло од италијанската Серија А, екипата на Рома беше декласирана пред своите навивачи на Олимпико од екипата на Каљари. Гостите четири пати ја тресеа мрежата на домаќинот и на најдобар можен начин се реваншираа за поразот од 3-0 во првиот дел од актуелната сезона.

Каљари имаше водство од 4. минута со голот на Наинголан, но домаќините се вратија во игра со голот на Франческо Тоти во 35. минута и тоа беше се` од Рома на вчерашниот натпревар. За ново водство на гостите се погрижи голманот на Рома кој на бизарен начин сам ја смести топката во неговата мрежа, а Сау и Писано погодија за високи 4-1 за Каљари. Рома во последната минута од судиското продолжение намали на 4-2 со голот на Маркињо.



Спонозорирани линкови

Маркетинг