Мелита Ракичевиќ: Јас сум жена-змеј

Точка

30/01/2012

22:42

11.996

Големина на фонт

а а а

Едноставно ужива во животот и го живее со полна пареа. За себе ќе каже дека е воркохолик, сака скапи чанти, а најмногу од се купува брендирани очила. Мелита Ракичевиќ е препознатливо ТВ лице, среќна сопруга и посветена мајка. За кариерата, успесите и приватноста читате во ова интервју на ТОЧКА.

1. Мелита, со кого е полесно да се снимаат емисии, со животните или со луѓето?

МА НАЈДОБРО Е СО ЛУЃЕ КОИ САКААТ ЖИВОТНИ… Се шалам, најлесните емисии се со добри соговорници, личности со приказна, професионалци, успешни луѓе кои немаат проблем отворено да зборуваат за своите ставови. А најтешко со луѓе кои доживуваат блокада пред камера и ти одговараат со да и не или со 2 збора.

2. Имаш ќерка, Барбара, па ќе оди ли таа по стапките на мама?

Барбара е креативно дете, полно со желби и таленти, неверојатно е музикална, свири клавир, учи соло пеење, оди на 2 јазика, пливање, слика итд. Ке има голема подршка од мене што и да реши да работи, ја сака мојата професија често ме имитира и тоа е жива забава. Но, времето ќе покаже рано е било што да се планира. Она што знам е дека живее квалитено детство и е среќно дете, никогаш не е нервозна, секогаш е опкружена со љубов.



3. Кои се предностите на водителките во Македонија кои што ти си ги почувствувала на своја кожа?

Популарноста сама по себе ми овозможува многу привилегии кои секојдневно ги чувствувам. Исто така отсекогаш сум ги негувала односите со многу мои гости соработници кои низ изминативе години сум ги запознала низ моите емисии и тие луѓе ми се пријатели до ден денес. Автоматски секаде имаш драги луѓе кои ти се наоѓаат во некои животни моменти. А искрено јас од ова професија И одлично заработував последниве 10-тина години. Сепак вложеното ми се вратило.

4. Каде го запозна твојот сопруг?

Мојот сопруг го создаде ноќниот живот во Скопје, и во тоа време во еден од неговите локали најдобри места за излегување каде по некоја добра случајност јас се најдов… долга приказна, која до ден денес успешно трае. Тој е маж кој знае да освои жена, има шарм и вистински респект кон жената.

5. Од ден на ден си се поубава. На што се должи тоа?

Прво многу благодарам на комплиментот. Да јас вложувам во себе, во својот изглед секојднево. Имам личен систем на нега, уживање, опуштање и секако спортување. Зависник сум од спа центри, патувања, луксуз… Користам скапи креми, врвни третмани на кои не штедам, водам многу сметка колку и што внесувам во организмот, тренирам 3 пати неделно со личен тренер во Магнус. Но, најбитно од се е што сум среќна. САМО СРЕЌНА ЖЕНА Е УБАВА ЖЕНА, тоа е моето мото. И секоја жена кога ќе си ги постави приоритетите, кога насмеана ќе се буди, ќе се чувствува опуштено и заштитено, секако ќе се разубави. Го затворив кругот на пријатели околу мене и се заситив од сплетки и нервози, не сум напната, никогаш не ми е здодевно, секогаш се надградувам и си уживам во животот максимално.

6. Кој е омилениот рецепт на Мелита?

Хахаа... Обожавам да готвам, убави но брзи рецепти, омилен колач на кој сите ми се воодушевуваат е Грчката алва. И морска храна приготвувам екстра.



7. Што ти е фетиш?

Скап накит, чевли, чанти и нај најмногу брендирани очила кои ги имам преку 20.

8. Која е Мелита Ракичевиќ?

Вистинската Мелита ја знаат само оние кои успеале да ми се доближат нечујно, а да не приметам... хаха се зезам. Мојата личност во суштина е многу необична, нежна сум, а цврста, држам до себе, никогаш не отстапувам од себе, принципиелна, жалостива и осетлива, полна со љубов кон животните и луѓето, голем помагач на луѓето, весела, ексцентрична, опасна ако треба, се кажувам во лице, мразам лицемерие, неблагодарност и неправда. Непоправлив воркохолик, секогаш динамична и енергична. Жена змеј хаххаа...

9. Од колку години ја започна својата ТВ кариера и од кој твој проект досега си најзадоволна?

Започнав на 21 год. Пет шоу секогаш ќе ми биде во срцето и за мене препознатлив со најверна публика. Драг проект ми е професионалци и експлозив, сега го сакам многу и Клуб ин. Секој проект во кој сум се вложила, има свое место во моето срце… Одамна не зависам од оваа професија што јасно кажува дека во мене има многу љубов за телевизиската работа.



10. Ти си уредничка и водителка во АБ канал. Како се носиш со тие функции?

Напорно е, но си има свои убавини. Да создаваш кадри мене ми е посебно кеиф. Дури и оние кои од стартот ги бирав и учев сега работат по други ТВ куќи и секогаш ме исполнуваат кога ќе ги видам во проекти, кога ќе си ги препознаам своите ученици по стилот и опуштеноста. Како уредник имам голема слобода на креирање, тоа ми значи. Кратко кажано тешко и слатко е да бидеш уредник, но морам да признаам дека сум доста строга, понекогаш и викам, не попуштам, ама знам дека создавам работни навики кои моите девојчиња ќе ги имаат како квалитет за понатаму, сум ги обучила. Вкусот сум им го оформила да биде допадлив за голема публика. Уживам во секој случај. Само ми е жал што во МК нема можност да се напредува во ова професија многу.

11. И за крај, што ги советува Мелита сите читатели на ТОЧКА?

За крај ….следете го својот сон, школувајте се, вложувајте во себе, живејте по свои правила не по туѓи и бидете секогаш подготвени за промени, зошто живееме во тотално непредвидливо време. Имајте време за себе и секогаш за љубовта, тоа е основа на среќниот човек.