Здравствената состојба на словачкиот премиер Роберт Фицо се стабилизирала, а најголемите стравови се минато, изјави денеска неговиот заменик Роберт Калинак, но додаде дека засега нема да биде префрлен од болницата во Банска Бистрица.
„Нема веќе непосредна опасност по неговиот живот, но неговата состојба останува сериозна и бара интензивна нега. Можеме да сметаме дека неговата состојба е стабилна, а прогнозите се позитивни“, рекол Калинак пред болницата.„Сите сега се чувствуваме малку поопуштено“,...