Љупчо Палевски Палчо, првоосомничениот за грабнувањето и убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски е веќе сместен во затворот во Шутка.
При неговото пристигнување, тој со себе донел и еден куфер. Директорот на затворот Филип Андов, открил што имало во истиот.
„Па може да нагласам дека имаше една интересна работа, имаше плазма телевизор, од Турција му бил, за притвор но тука каде што е, ние немаме 220 волти струја, регулирана е на 12 волти, само за светло, специјално...