Албанскиот премиер Еди Рама упати критики до официјална Софија и до сите ЕУ-членки што користат билатерални прашања за блокади на форум во Тирана организиран од „Солуција“, во соработка со Белградскиот центар за безбедносни политики и фондациите „Отворено општество“ и „Рокфелер“.
„Зошто ја блокирате Северна Македонија? За да покажете дома колку сте силни!“, порача Рама заклучувајќи дека политиките на блокади се ужасни, одвратни и антиевропски.
„Што ви е поентата? Што сакате да постигнете со блок...