Српската полиција уапсила едно лице поради, како што се вели, упатување закани кон претседателот Александар Вучиќ.
Според вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, уапсениот е Д. М. од Сомбор и тој е веќе во 48-часовен притвор.
„Поради закана за загрозување на безбедноста на претседателот на државата, сомборецот Д. М. е уапсен и одредена му е мерка притвор во полиција од 48 часа“, се вели во соопштението на српското Министерство за внатрешни работи, кое го пренесува „Танјуг“....