По долго и тешко боледување, на 56-годишна возраст почина Вики Икономова, сопругата на Апостол Поце Икономов, пејачот на легендарниот македонски бенд „Меморија“.
Тажната вест на социјалните мрежи ја соопшти основачот на групата, Петар Георгиевски-Камиказа.
„Вечнаја памјат, мир и спокој да најдеш, горе меѓу ѕвездите, Вики Икономова. Поце те сакаше повеќе од сè, дури и од самиот себе! Во 10-годишната здравствена голгота, ниеднаш не покажа слабост во траорната битка барајќи ’иљач‘ за твојата болест...