За првпат во Македонија, во претседателската фотелја седнува жена, откако Гордана Силјановска-Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ го победи досегашниот претседател, Стево Пендаровски на изборите со разлика од повеќе од 300.000 гласови.
Според последните податоци објавени на веб-страната на ДИК, Силјановска освоила 560.170 гласови (65,41 отсто), наспроти Пендаровски со 251.541 (29,25 отсто).Таа синоќа за време на победничкото обраќање до јавноста рече од овој момент, ќе се однесува како претседателка...