(Видео) Црвена младина на Левица го врати старото име на паркот АСНОМ, кое беше заменето со Украина

Макфакс

13/07/2023

11:50

1.305

Големина на фонт

а а а

Движењето Црвена младина на Левицата го врати старото име на паркот АСНОМ, кое беше заменето со името Украина.

„Денес, Црвената младина се погрижи да ја поправи намерната или ненамерна грешка и некогашниот парк на народните херои, кој беше именуван Украина, го преименуваме во АСНОМ.

Дали некој свесно ја цензурира антифашистичката борба и дали тоа се наследниците на балистите и домашните врховисти оставаме да судите вие.

АСНОМ ЖИВЕЕ!“, порачаа од Црвената младина.

ПАРКОТ УКРАИНА ГО ПРЕИМЕНУВАВМЕ ВО ПАРК АСНОМ

? Денес Црвена Младина се погрижи да ја поправи намерната или ненамерна...

Posted by Црвена Младина on Wednesday, July 12, 2023