Големо засилување за „роматичарите“: Велкоски се врати во Работнички

Дерби

27/07/2022

16:59

3.208

Големина на фонт

а а а

По пет години минати во Сараево, Крсте Велкоски стави крај на таа авантура во доста специфични услови и се раскара со Васоски, а македонската драма на крај резултираше со заминување на двајцата.

Васоски си отиде уште пред крајот на сезоната, а Велкоски не го продолжи договорот и како искусен интернационалец сега се враќа на местото на кое почна се за него.

Повремениот македонски репрезентативец се враќа во редовите на Работнички, клуб за кој играше во два наврати, најпрво од 2006-та до 2008-ма, а потоа и од 2011-та до 2013-та.

Работнички преку официјалната веб страна потврди дека детето на клубот се враќа во добро позната средина, па така 34-годишникот се претвора во големо засилување за новата сезона.

Претходно, Работнички ги потврди и Исмаили, Алексовски, Бошковски, Јанакиевски и Иванов за нови засилувања, па Велкоски е шести играч кој пристигнува во Дебар Маало ова лето.