Ангеловски за тоа што треба да се направи за успех против Грузија: Најважно е…

Дерби

12/11/2020

11:00

860

Големина на фонт

а а а

Вечерва (18 часот) македонската фудбалска сениорска репрезенрација ќе се соочи со Грузија во Тбилиси во меч во кој влогот е навистина голем-пласман на Европското првенство кое е закажано за наредната година.

Селекторот Игор Ангеловски се соочува со одредени проблеми, недостапни му се Барди, Ристевски и Велкоски, но без разлика на отсуствата на овие играчи, направен е план, стратегија за средбата на „Динамо Арена“.

Популарниот Мрме ги има воочено слабостите на противникот, па според него најважно е да се напрви притисок, пресинг врз противничките дефанзивци за да не можат да комбинираат со играчите за врска, но и да имаме посед на топка и да го искористиме тоа што Грузија игра многу широко, остава простор меѓу своите линии.