Хаос во Париз, Жолтите елеци повторно на улиците против поскапувањата на горивата: Судири на демонстрациите, солзавец, 120 уапсени, повредени полицајци

Точка

01/12/2018

17:37

3.637

Големина на фонт

а а а

Во Париз денес, трет викенд по ред, избиле судири меѓу демонстрантите и полицијата за време на протестите на "Жолтите елеци" поради зголемувањето на таксата на горивото, а според најновите податоци, повеќе од 120 лица биле уапсени, а 10 полицајци се повредени.

Францускиот премиер Едуар Филип изјавил дека некои демонстранти ги нападнале полицајците во ретко кога видено насилство во центарот на Париз, а најмалку 107 лица биле уапсени, пренесува "AP". 

Судирите избиле кога помала група демонстранти поставила барикади насред улица во центарот на Париз и запалила гуми.

Агенциите пренеле дека полицијата употребила солзавец против демонстантите кои се обиделе да пробијат низ безбедносните кордони на Елисејските полиња, а полицијата наведува дека 16 луѓе биле уапсени.

Француските службеници стравуваат дека приврзаниците на крајната десница и левица се обидуваат да се инфилтрираат во движењето "Жолти елеци", кои протестираат поради зголемувањето на таксата за гориво.

Полицијата употребила солзавец против "Жолтите елеци" пред Триумфалната капија. Демонстрантите со камења ги нападнале полицајците кои поради тоа се повлекле, што насобраните бурно го поздравиле.

Демонстрациите кои почнале пред неколку седмици резултирале утрово со судир со полицијата и масовни апсења. Чуварите на редот употребиле солзавец.

Околу 6.000 полицајци го чуваат редот и мирот во центарот на Париз.

Состанокот на францускиот премиер Едуар Филип и претставници на демонстрантите кои веќе со недели протестираат против зголемувањето на таксата на горивото не вродил со плод, откако некои претставници на "жолтите елеци" ги напуштиле разговорите.

Тие рекле дека добиваат закани и барале разговорите да се пренесуваат во живо на телевизија.

До неуспех на преговорите доаѓа по повикот на нови протести во сабота ширум Франција, вклучувајќи ги и Елисејските полиња во Париз, каде минатиот викенд протестите прераснале во судири.

На протестите се приклучиле фармери, службеници, пензионери и други. Движењето сега вклучува широк спектар на граѓани кои протестираат против големите трошоци за живот.

Нивната листа бара намалување на даноци, создавање на собрание на граѓани, државни субвенции за да им се помогне на компаниите да го зголемат вработувањето, поголеми пензии и поголема национална минимална плата.

Џејсом Ербер еден од претставниците на делегацијата на "Жолтите елеци", вели дека заминал од состанок откако неколку пати побарал истиот да се пренесува на телевизија, што владата одбила.

Самиот премиер рекол дека разговорите биле корисни и дека неговите врати се отворени ако "жолтите елеци" изберат претставници.