Се запалил германски брз воз: 510 патници итно евакуирани поради стравичниот пожар

Точка

12/10/2018

13:57

797

Големина на фонт

а а а

Утринава се запалил брзиот воз “ICE” кој што сообраќаел на релација Франкфурт – Келн, а како што пренесуваат германските медиуми, во пожарот немало повредени.

Како што соопштија германските власти, од возот каде што избил пламенот биле евакуирани 510 патници, а огнот зафатил најмалку два вагони.

Поради инцидентот кај Дирдорф дошло до одлагање на сите линии кои што сообраќаеле на таа делница, а поради густиот чад бил затворен и сообраќајот на автопатот А3. Засега не се познати причините за избивање на пожарот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг