Познатиот рапер ја шокираше јавноста со средбата со Доналд Трамп: "Поради него се чувствувам како Супермен"

Точка

12/10/2018

12:04

2.041

Големина на фонт

а а а

Каније Вест го посети претседателот на САД, Доналд Трамп во неговата Овална канцеларија, пренесува BBC.

"Носењето на капа со натписот "Make America Great Again" направи да се чувствувам како Супермен", изјави познатиот рапер. 

Во својот 10 минутен монолог Каније зборуваше за повеќе теми, од затворските реформи, производството, политиката до свемирот.


Покрај тоа, Вест разговараше со Трамп и за неговото психичко здравје, односно дека пред неколку години беше дијагнозиран со биполарно нарушување.

Откако раперот го заврши своето излагање, истакна колку многу го сака претседателот Трамп.


"Ова беше од срце. Го сакам овој човек", рече Каније, стана и го прегрна Трамп, на што претседателот изјави дека тоа било навистина убаво од негова страна.

За време на состанокот новинарите го запрашале Трамп што мисли за потенцијална кандидатура на Вест за претседател на САД.


"Би можел да биде", изјави Трамп.

Веќе одамна се знае дека Вест е поддржувач на Трамп, на што многу славни холивудски лица бурно реагираа, па раперот повторно се повлече од социјалните мрежи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг