Приземјени се сите авиони! САД и Израел ги „паркираа“ најнапредните борбени авиони поради дефект...

Точка

12/10/2018

10:51

1.472

Големина на фонт

а а а

Израелската армија денес соопшти дека ги стопира сите летови на своите ловци од петта генерација, американските „Ф-35“ авиони кои важат за најнапредните борбени авиони на денешницата.

Оваа одлука на израелските воздушни сили доаѓа откако американски Пентагон ја донесе истата одлука за приземјување на „Ф-35“ авионите поради неисправни цевки за полнење на моторот со гориво.

„Командантот на израелските воздухопловни сили, Амирам Норкин одлучи да превземе посебни мерки на претпазливост и да ги тестира сите авиони, иако Израел нема авион кој што се има срушено и засега не се пријавени никакви неправилности. Тестовите ќе траат неколку дена“, соопштија од израелската армија.

Американските власти во текот на вчерашниот ден издадоа слично соопштение во кое е наведено дека „службите на САД и меѓународните партнери привремено ги стопирале летовите додека производителот на сите авиони „Ф-35“ ги проверува цевките за гориво во моторот“.


Во случај да биле инсталирани проблематични цевки, тие ќе бидат отстранети и заменети со нови, порачаа од Пентагон од каде што исто така нагласија дека проверката на сите „Ф-35“ авиони ќе биде завршена од 24 до 48 часа.

Инаку, пред една година започна испораката на „Ф-35“ авионите на Израел, а станува збор за најскапите американски борбени стелт ловци од петта генерација. Израелските медиуми потсетуваат дека министерот задолжен за регионална соработка, Чахи Ханегби, на почетокот на овој месец ги пофали способностите на борбениот авион.


„Знаете дека ги имаме најнапредните стелт ловци, најдобрите авиони на светот. Руските против-воздушни системи не можат ниту да ги детектираат“, се пофали Ханегби.

Неодамна, еден американски „Ф-35“ авион се сруши кон крајот на септември во сојузната држава Јужна Каролина во САД, а пилотот безбедно се катапултираше. Тоа се случи само неколку часа откако првиот Ф-35Б авион со вертикално полетување и слетување, за прв пат изведе борбена операција во Авганистан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг